[email protected]

Птица без крилја

ПТИЦА БЕЗ КРИЛЈА

 

Птица која не гледа каде лета

туку само пробува да избега. 

Се плаши да застане на земја

се плаши да погледне 

тоа што се случува сега.

 

Птица која упорно 

сака да продолжи да лета

но нема сила

веќе не се ни сеќава каде била.

 

Небото е темно.

Надежта на небото се скрила

пробува да лета и во темното 

но се губи

пробува да лета

почнува да гледа

и реалноста почнува да и смета.

 

Пробува пак 

и наеднаш паѓа 

и и се губи глас.

 

Изгубена.

Се прашува птица ли е

целата е збунета. 

 

Која е?

 

Дали припаѓа на небото 

или на земјата?

 

Станува.

 

Ранета.

 

Тагува.

 

Птица која се учи да лета без крилја

наоѓа пердув на земја

пробува да го зашие,

пробува да го залепи,

пробува да го направи дел од неа.

 

Боли.

 

Не престанува да се моли.

 

Не престанува да боли.

 

Почнуваат да растат 

и нови крилја

почнува да се враќа 

нејзината сила

да се сеќава каде била.

 

Толку долго стоела

и се сокрила

некаде таму во непознатото

не е ниту на небото

ниту на земјата

туку во блатото.

 

И има чувство како да се дави

знае дека е создадена 

за повеќе од овие места мали. 

 

Но гледа дека веќе нема каде да оди

се изгуби во нечистите води.

 

Тешко е да се врати

тоа што некогаш била

се откажува оти нема сила.

И се одлучува да се предаде на Бог

бидејќи Тој е единствената 

нејзина закрила.

 

Дали ќе продолжи да лета

или ќе треба да почека

не е ни важно

и покрај тоа што е тажно.

 

Важно е дека е од Бог љубена

и дека е во ред 

ако е понекогаш изгубена.

 

Сега барем знае

дека е птица без крилја

може да се моли 

Бог да ја обнови 

нејзината сила

и да ја однесе на подобро место

од тоа што била.

 

Птица која сега гледа каде оди,

без да бега

и дозволува Бог да ја води.

 

октомври, 2023