[email protected]

Псалм 239

Да можам да расцутам како цвет- направи.

Мојата душа да стане како зелена трева- направи.

Мислите мои да се светли како ѕвездите- направи.

 

Го изгубив твојот глас 

во гужвата во големиот град

Се исплашив од бучавата

се изгубив

Престанав да слушам

се заборавив себе

те заборавив тебе

 

Но, ти ме донесе на тивко место

да се потсетам на твојот глас

Ме донесе на место каде што

ќе можам да те запознаам подобро.

Мојата душа копнее по тоа

моите мисли се насочени само кон тебе

 

Смири ме

Стопирај ме

Сочувај ме

Смени ме

 

Се смирив

Паузирав

Застанав

Затворив очи

 

Го осеќам твојот допир преку ветрот

го слушам твојот глас

преку разбрануваните лисја на дрвјата

 

Отворив очи

Погледнав

И видов

Беше добро

Место кое што си го создал специјално за мене

за овој момент 

да те запознаам подобро

 

Слушнав

Исправи се цвету

Погледни наоколу

Престани да ги гледаш само трњата

Немој да се плашиш да ги допреш

Немој да се плашиш од болка

Погледни подлабоко

Тие се дел од тебе

и понекогаш ќе треба да крвариш 

за да разбереш

И ќе боли

и ќе плачеш

многу

И со солзите 

исто како со дожд

ќе направиш ова цвеќе да расте

 

И некој ден ќе помине

и нема да се плашиш 

туку ќе ги прифатиш

бидејќи тие се ТИ

 

и ќе ти се отворат очите 

и ќе видиш

ТИ НЕ СИ САМА

 

Погледни

поставена си на цврста земја

и си дел од градина

 

Помирисај

Мирисот на едно цвеќе

не е исто како букет цвеќиња

Помирисај и погледни

мирисот на градината се шири низ целата земја

И другите го посакуваат тоа да го помирисаат

и да станат дел од твојата градина

 

Цвету, цути

бидејќи јас сум со тебе

 

23.09.2023